Регион 17. август 2019. / 20:41

Хорор: Прегазени 4-годишно девојче и нејзината дадилка

Хорор: Прегазени 4-годишно девојче и нејзината дадилка

Четиригодишно девојче се бори за живот на Детската клиника во Белград, каде му биле констатирани тешки телесни повреди опасни по живот, односно фрактура на черепот.

Девојче, кое било во придружба на дадилката и заедно преминувале улица, било прегазено од автомобил кој се движел наназад.

Брзо бил идентифкуван автомобилот „ауди А6“ кој го прегазил детето, кој имал оштетување на задната страна и возачот, 22-годишниот Милан Ш., кој бил сослушан по налог на Второто јавно обвинителство поради тешко дело против безбедноста на јавниот сообраќај и против него била поднесена кривична пријава.