Регион 20. мај 2020. / 15:11

Хјуман рајтс воч ги повика грчките власти да ослободат 276 деца мигранти

Хјуман рајтс воч ги повика грчките власти да ослободат 276 деца мигранти

Хјуман рајтс воч ги повика грчките власти да ослободат 276 деца мигранти без придружба од затворите и центрите за притвор низ целата земја, објави „Екатимерини“.

Ова е особено важно сега кога е во тек пандемија на коронавирусот, велат од организацијата.

Грчкиот премиер треба да ги одржи своите ветувања и да ги заштити децата-мигранти без придружба.
Тој треба да се погрижи децата да бидат ослободени од преполните затвори и центри за притвор каде има лоши, нехигиенски услови, особено сега, кога е во тек пандемија на коронавирус, соопшти Хјуман рајтс воч.