Хелсиншкиот комитет за човекови права ги повикува граѓаните на Босна и Херцеговина, кон мигранти, да се однесуваат хумано, да им пружаат помош и да се солидаризираат со нив, бидејќи тие се во неволја и потребна им е помош.
Граѓаните на БиХ никогаш не треба да ја заборават поддршката, сочувството и охрабрувањето кое тие го добија за време на војната, пред 25 години, додаваат оттаму.
„Очекуваме од институциите на државно ниво, ефикасно да ги преземат сите неопходни чекори со цел, Босна и Херцеговина да ги исполни своите меѓународни обврски кон мигрантите, особено да се создадат неопходните услови за безбедно сместување и соодветна грижа за нив. Најостро ги осудуваме сите лицемерни обиди на злоупотреба и искорстување на прашањето за мигранти, за цели поврзани со стекнување на политички поени и предизвикување на вознемирувачки гласини. Ги повикуваме граѓаните да не дозволат неодговорните и несовесни политичари да манипулираат со нив, да предизвикаат страв, недоверба и омраза кон мигрантите”, се вели во соопштението на Хелсиншкиот комитет.