Регион 30. јуни 2020. / 11:09

Хажим Тачи најави оставка доколку Хаг го потврди обвинението за воени злосторства против него

Хажим Тачи најави оставка доколку Хаг го потврди обвинението за воени злосторства против него

Косовскиот претседател, Хашим Тачи, изјави дека ќе даде оставка доколку Специјалниот суд го потврди обвинението за воени злосторства и злосторства против човештвото против него и Кадри Весели.

Во видео обраќање до граѓаните на Косово, Тачи изјави дека е фер да се расветли секој сомнеж и секое обвинување за воени злосторства од кој било и каде и да се случило.

Можно е да сум направил грешки во мир, но никогаш и воени злосторства – изјави Тачи.

Специјалното обвинителство во Хаг поднесе предлог обвинение против косовскиот претседател и други лица за воени злосторства и злосторства против човештвото. Тие се обвинети за скоро сто убиства.