Регион 09. ноември 2020. / 17:15

Тачи пред судот во Хаг се изјасни за невин

Тачи пред судот во Хаг се изјасни за невин

Поранешниот косовски претседател и еден од основачите и член на ОВК, Хашим Тачи денеска изјави дека не е виновен и не ги признава обвиненијата од Специјалното обвинителство во Хаг.

– Обвинението е без никаква основа и јас изјавувам дека не сум виновен по ниту една од 10-те точки на обвинението – рече Тачи, изјаснувајќи се пред судија за претходната постапка во Хаг.

Тој ги негираше обвиненијата за воени злосторства и злосторства против човештвото, извршени помеѓу март 1998 и септември 1999 година.

Тачи одговара по 10 обвиненија за воени злосторства и злосторства против човештвото.