Регион 04. ноември 2019. / 10:54

Харадинај: Вооружувањето на Србија од Русија и Кина е лудило и закана за мирот во регионот

Харадинај: Вооружувањето на Србија од Русија и Кина е лудило и закана за мирот во регионот

Косовскиот премиер во оставка Рамуш Харадинај смета дека постојаното вооружување на Србија со воена опрема од Русија и Кина претставува директна закана за Косово, но и за „кревкиот мир во регионот“.

Харадинај на Фејсбук порача дека е „лудило“ тоа што Србија продолжува да набавува противвоздушни ракетни системи и друга воена опрема од тие две земји.

– Постојаното вооружување на Србија со воена опрема од Русија и Кина (панцири, противвоздушни ракетни системи, дронови, итн.) претставува директна закана за Косово, за кревкиот мир во регионот и евроатлантските перспективи. Србија треба да престане со тоа лудило пред да биде предоцна – напиша Харадинај.