Косовскиот премиер во оставка Рамуш Харадинај денес испрати писмо до Генералното собрание на Интерпол во кое соопштува дека се повлекува пријавата на Косово за членство во меѓународната полициска организација.
–Имајќи предвид дека на Косово на 6 октомври беа организирани парламентарни избори, љубезно ве молам барањето за наша апликација за членство да биде одложено до следното заседание на Генералното собрание на Интерпол – напиша Харадинај.
На амбасадата на Србија во Париз ѝ била доставена нотата со која Рамуш Харадинај го повлекува барањето за членство на Косово во Интерпол.
По одлуката, се огласи и српскиот министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ.
Велика победа Србије и међународног права! Захваљујући огромном раду делегације Републике Србије, апликација такозваног Косова је повучена непосредно пред почетак Генералне скупштине Интерпола у Сантјагу!
— Небојша Стефановић (@NesaStefanovic) October 15, 2019