Косовскиот премиер Рамуш Харадинај изјавил денеска дека нема време да учествува во дијалогот Белград-Приштина во Брисел и уште еднаш повторил дека е против било каква идеја за размена или корекција на границата меѓу Косово и Србија, пишува приштински Зери.
На прашањето зошто не учествува во процесот, Харадинај рекол дека не ги одбива обврските кои му ги дава косовскиот устав, но за дијалог нема време.
Харадинај повторно порачал дека ќе се спротистави на секоја идеја во врска со границите и ги повика сите пријателски земји и меѓународни институции исто така да се спротистават.