Регион 09. јули 2019. / 18:55

Харадинај: Наскоро ги отвораме граничните премини на Чакор и Кула со Црна Гора

Харадинај: Наскоро ги отвораме граничните премини на Чакор и Кула со Црна Гора

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај објави на Фејсбук дека наскоро ќе се сретнат комисии на Косово и Црна Гора за повторно да ја разгледаат демаркацијата.

Според тврдењата на Харадинај, демаркацијата се однесува на Кула и Чакор. Тој воедно му се заблагодари на црногорскиот премиер Душко Марковиќ „за конструктивниот прилог и изразената волја за јакнење на пријателството и соработката“.

РТК2 на српскиот јазик синоќа пренесе дека Харадинај за прашањето на повторно разгледување на договорот за демаркација со Црна Гора разговарал со Марковиќ.

– И за време на самитот на земјите од западниот Балкан во Познањ со премиерот на Црна Гора потврдивме спремност соседите да почнат со работа во оптимален рок и наскоро да се отвори граничен премин на Чакор и Кула. Му се заблагодарувам на мојот колега Душко Марковиќ за конструктивниот прилог и изразената волја за јакнење на пријателството и соработката меѓу нашите две држави. – напиша Харадинај на социјалната мрежа.