Регион 05. јуни 2018. / 23:00

Харадинај ја повлече платформата за дијалог со Белград

Харадинај ја повлече платформата за дијалог со Белград

Премиерот на Косово Рамуш Харадинај ја повлече од собраниска расправа предлог платформата за дијалогот за нормализација на односите на Косово и Србија.

На конференција за медиумите Харадинај кажа дека одлуката ја донел имајќи го предвид големиот интерес за расправа во политичките партии, во парламентот и меѓу граѓаните.

За време на расправата во косовското собрание платформата ја поддржаа само Демократската партија на Косово, Алијансата за иднина на Косово и партиите на несрпските малцинства.

Најспорниот дел од платформата е предлогот дијалогот да го води претседателот на Косово Хашим Тачи.

Платформата на косовската влада за финализација на бриселскиот дијалог на Србија и Косово го овластува претседателот Хашим Тачи заедно со косовската делегација, која ќе биде формирана, да ги води разговорите за нормализација на односите со Србија.