Регион 20. септември 2018. / 12:50

Харадинај: Границите на Косово се воспоставени со чизми, а не на маси и во преговори

Харадинај: Границите на Косово се воспоставени со чизми, а не на маси и во преговори

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај изјави дека дури и само да се зборува за „прашањето на границите на Косово“ е опасно за стабилноста на регионот, објави денеска приштинскиот портал „Телеграфи“.

Границите на Косово се воспоставени со (воени) чизми, а не на маси и во преговори … Ако тие се изменат ќе бидат потребни многу воени чизми од двете страни, рече Харадинај.

Тој рече дека нема да прифати никаков договор со Белград кој поттикнува „промена на границите“ и дека тој план не го смета за сериозен.

По сето тоа што се случи, не можам да верувам дека претседателот Хашим Тачи смета дека ова е сериозен проект. Мислам дека тоа е дел од неговата политичка тактика, заклучи Харадинај.