Регион 16. август 2019. / 20:44

Харадинај: Дијалогот Приштина-Белград го блокираа територијалните претензии на Србија, а не таксите

Харадинај: Дијалогот Приштина-Белград го блокираа територијалните претензии на Србија, а не таксите

Косовскиот премиер во оставка Рамуш Харадинај денеска преку Твитер и одговори на српската премиерка Ана Брнабиќ, која рече дека приштинските такси го оневозможиле дијалогот меѓу Белград и Приштина.

Харадинај потенцира дека дијалогот бил блокиран поради територијалните претензии на Србија, а не таксите.

Косово е суверена држава, меѓународно призната, со постоечки граници. Што побрзо тоа го прифатат Србија и Брнабиќ, тоа подобро за нив – посочи Харадинај.

Српската премиерка во интервју за Танјуг денеска рече дека таксите воведени од Приштина создале атмосфера во која не е можен никаков дијалог.

Штом бидат укинати таксите и ние ќе бидеме подготвени за продолжување на дијалогот – рече Брнабиќ.