Регион 11. March 2019. / 16:20

Харадинај: Царините остануваат за Србија

Харадинај: Царините остануваат за Србија

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај одби да одговара на прашања на новинарите, кажувајќи само дека нема промена на неговиот став околу укинувањето на царините за Србија и БиХ.

Сѐ уште нема промена на ситуацијата“, им кажа Харадинај кратко на новинарите пред состанок со делегација на американски инвеститори, јавуваат приштинските медиуми.

Во текот на денот, како што е најавено, Харадинај ќе се сретне со двата главни советници за надворешна политика на германската канцеларка Ангела Меркел, Метју Лаутенберг и Јан Хекер.

Делегацијата на американски бизнисмени ја предводи генералната конзулта на Косово во Њујорк, Теута Шахаткија.