Регион 06. јануари 2019. / 13:20

Харадинај: Битно е за Македонија да има добри меѓуетничките односи

Харадинај: Битно е за Македонија да има добри меѓуетничките односи

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај ја оцени како добра ситуацијата во Македонија со меѓуетничките односи, првенствено помеѓу Македонците и Албанците, во интервјуто кое денеска беше целосно објавено на МИА:
-За Македонија е битно и тоа што меѓуетничките односи се добри.Тоа е добро и ние ги цениме напорите на актуелниот македонски премиер господинот Заев, затоа што на свој начин придонесе кон тоа помирување- рече меѓудругото Харадинај.
Смета дека доколку Македонија ја заврши агендата што ја има пред себе со ратификацијата и со имплементацијата на Договорот со Грција, тогаш еден дел од нашиот регион ќе биде во НАТО и Европа и ќе испрати позитивна порака и другите да останат на курсот на тој правец.