Ова е најверојатно најголемиот протест изминативе два месеци. Илјадници демонстранти на еден од најголемите протести во последните два месеци на улиците во главниот град на Бугарија, Софија кои бараат оставка од премиерот Бојко Борисов, пренесуваат тамошните медиуми.
На протестите дојде до судири помеѓу демонстрантите и полициски службеници , а полицајците отстранија стотици демонстранти со камиони. Уапсени се и 35 демонстранти кои фрлале јајца, јаболка и ѓубре кон безбедносните сили околу зградата на парламентот.
Демонстрантите, исто така, ги тресеа полициските автомобили и ги напаѓаа полицајците со бибер спреј за самоодбрана, соопшти Георги Хаџиев, началник на полицијата во Софија.
Околу 45 лица, вклучително и полицајци, завршиле во болница.