Регион 18. јули 2019. / 09:45

Хаос во регионот: Дојава за бомби на три аеродроми

Хаос во регионот: Дојава за бомби на три аеродроми

На белградкиот аеродром Никола Тесла настана узбуна поради дојава на бомба во авионот на германската национала авиокомпанија Луфтханза.

Од авионот одма биле евакуирани сите 130 патници и пет членови на екипажот. Авионот се припремал за лет кон Фракфурт.

Авионот итно е преместен на позиција 3000 метри каде стручен тим го прегледува леталото.

Инаку вчера во Црна Гора на подгоричкиот и тиватскиот аеродром беше пријавено дека се поставени бомби.

Еден од патниците кој се наоѓал на аеродромот во Подгорица изјавил дека полицијата вршела проверки на багажот на патниците.

На аеродромите е зголемена контролата и се врши детален преглед.