Регион 10. јуни 2018. / 10:46

Хаос во Црна Гора: Невремето сруши 50 куќи – уништена и болница (ФОТО)

Хаос во Црна Гора: Невремето сруши 50 куќи – уништена и болница (ФОТО)

Во невремето кое го зафати Херцег Нови, оштетени се педесет куќи, а за сите семејства кои останаа без домови, организирани се прифатни центри.

Голема штета е предизвикана и во болницата во Мељине, каде е оштетен покривот, скршени се стакла, а во дворот паднаа и неколку стебла.

Краткотрајното невреме кое го зафати Тиват оштети два мали авиони, кои биле паркирани на аеродромот во Тиват.