Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан при денешната посета на Сараево ги поттикнал членовите на Претседателството на БиХ да продолжат да соработуваат и посветено да работат на спроведување на претходно усогласените реформски процеси.
Хан го поздрави одобрението на Претседателството на БиХ за склучување договор за намалување на цените за роаминг услуги во јавните мобилни комуникациски мрежи во регионот на Западен Балкан, соопшти Претседателството на БиХ.
Хан денеска се сретна со политчкиот врв во БиХ. На средбите станало збор за политичката ситуација во земјата, со акцент на формирање власт на сите нивоа во БиХ, што ќе даде дополнителен поттик за европскиот пат на земјата.
Тема на состанокот било и мислењето на Европската комисија за подготвеноста на БиХ за добивање статус кандидат за членство во ЕУ.