Регион 09. октомври 2019. / 14:30

Група владици од СПЦ бараат Собор зошто угледот на црквата бил нарушен

Група владици од СПЦ бараат Собор зошто угледот на црквата бил нарушен

Група од 14 владици на Српската православна црква (СПЦ) во писмо до патријархот Иринеј повика на редовна седница на есенскиот Светиот архиерејски сабор поради наводно „скромно“ одбележување на 800 години од автокефалноста на СПЦ, „загриженост за евентуално признавање на Косово… и заради одлуката да му се додели Орден на Свети Сава од Прв степен на претседателот на Србија прв пат во осумвековната историја на Црквата“.

Наведувајќи дека во врска со одлуката на Светиот епископски синод да му се додели највисоко црковно одликување на српскиот претседател Александар Вучиќ, „огромен број верници почнаа да испраќаат протестни писма“, владиците во писмото во кое имале увид од агенцијата БЕТА, оценуваат дека со „несвикување на Саборот има влошување на наведените проблеми и нарушување на единството на СПЦ“.

Ваша Светост, ние знаеме дека на оние на кои сето тоа им одговара, го кријат од вас, но ние за жал ви сведочиме дека угледот на нашата најсвета Црква и на Вас лично е нарушен. Заради тоа по долго воздржување конечно сме биле принудени да се огласиме и заеднички да се обидеме што побрзо да го вратиме угледот и стабилноста во нашата Црква. Времето немилосрдно тече и одлагање на дискусија и решавање на проблемот до мајскиот Сабор што може скапо да не чини – се наведува во писмото испратено до Патријархот на 5 октомври.