Регион 05. јуни 2018. / 09:46

Гром удри во црква – верниците сметаат дека тоа е знак од Бога

Гром удри во црква – верниците сметаат дека тоа е знак од Бога

Црквата Свети Никола во селото Александровац, дефинитивно станува место на кое се случуваат Божји чуда.

Откако на Бадник во оваа црква пред верниците се појави чудна светлина, во храмот вчера се случи ново чудо.

Во црквата удри гром, но за среќа никој не е повреден.

 

-Околу 7 часот наутро имаше страшно невреме во Александровац, врнеше силен дожд, имаше и грмотевици, небото се отвори. Одеднаш молња ја погоди куполата на црквата. Во црквата немаше многу луѓе. Во моментот на ударот тука беше само свештеникот Жељко Матиќ и жената која му помага. Околу црквата исто така немаше луѓе, бидејќи верниците сеуште немаа пристигнато на неделната служба – вели еден од очевидците на целиот настан.

Фотографијата подолу е од Бадник оваа година кога пред верниците се појави чудна светлина.