Регион 13. април 2020. / 11:44

Грк за време на забрана за движење фатен со 100 килограми марихуана

Грк за време на забрана за движење фатен со 100 килограми марихуана
архива

Грчката полиција уапсила 58-годишен Грк за поседување и пренесување на 100,9 килограми канабис, а дополнително му била изречена и казна од 300 евра за прекршување на мерките за забрана на движењето.

За време на сообраќајна контрола кај патарина на 30 километри од Солун, во автомобилот на уапсениот, била откриена дрогата спакувана во 11 пакети.

Од спроведената истрага, како што соопштија од грчката полиција, се утврдило дека канабисот бил наменет за регионот на Еврос, односно за снабдување на корисници на дрога, а 58-годишниот требало да го пренесе од Солун за што добил и паричен надомест.

Полицијата ги конфискувала канабисот и возилото, а уапсениот освен што ќе одговара пред јавен обвинител за дрогата, ќе треба да плати и казна од 300 евра за прекршување на законот за забрана за движење од една во друга регионална единица.