Регион 02. ноември 2018. / 15:38

Грците разбиле криминална група која криумчарела мигранти во Италија

Грците разбиле криминална група која криумчарела мигранти во Италија

Грчките власти соопштија дека разбиле криминална организација која со јахти криумчарела мигранти од Грција во Италија. Во акцијата уапсени се осум лица осомничени дека се членови на организацијата.

Грчката крајбрежна стража соопшти дека мрежата се подготвувала за криумчарење на 119 лица до Италија со јахта и дека криумчарите биле уапсени вчера во областа јужен Пелопонез.

Осомничените обезбедиле два автобуса за да превезат мигранти до западната плажа Курута. Запленети се возилата, јахтата и една пушка.

Во соопштението не се наведува државјанството на мигрантите, а од криумчарите половина биле Грци, додека за другите нема достапни информации.

Десетина илјади мигранти и бегалци живеат во Грција и поради затворените граници не можат да продолжат по патот кон богатите европски земји.