Регион 22. мај 2020. / 19:45

Грција втора во светот по туристичките награди „сини знамиња“

Грција втора во светот по туристичките награди „сини знамиња“

Меѓународната награда „Сино знаме“ оваа година ја добија 497 грчки плажи, 14 марини и шест туристички јахти, со што Грција е втора во светот меѓу 47 држави, според заштита на природата.

Од 47 земји што учествувале во програмата, Грција има 13 отсто од наградените плажи, а 94 од „Сините знамиња“ се на Халкидики.

Пред Грција е Шпанија, а трета Турција.

Во програмата „Сини знамиња“ право на учество имаат организирани плажи, марини и јахти, а за да се добие наградата потребно е да се исполнат 33 строги критериуми што се однесуваат на квалитетот на водата, безбедноста на посетиелите, квалитетот на услуги, заштита на животната средина итн.

Министерот за туризам на Грција Харис Теохарис вели дека „Сините знамиња“ оваа година имаат посебно значење за туризмот.

Оваа година „Сините знамиња“ дополнително ја симболизираат желбата и волјата да се вратиме во нормала. Сите што работиме за грчкиот туризам, би рекол сите Грци ги поздравуваме наградите од програмата „Сините знамиња“ како еден слоган дека веќе почна битката да си го вратиме животот – изјави Теохарис.