Регион 28. јули 2020. / 10:12

Грција воведе задолжителен негативен тест за Ковид-19 за авионски патници од Бугарија и Романија

Грција воведе задолжителен негативен тест за Ковид-19 за авионски патници од Бугарија и Романија

Владата на Грција доесе одлука од денеска сите патници што во земјата ќе дојдат по авионски пат од Бугарија и Романија, задолжително мора да имаат потврда на англиски јазик за негативен молекуларен тест за Ковид-19, направен до 72 часа пред патувањето.

Одлуката донесена „врз основа на анализа на епидемиолошките податоци“ е идентична со онаа што се однесува на пристигнувањата по копнен пат преку граничниот премин Промахонас (Кулата), односно и за копнен влез во Грција од Бугарија, задолжителен е негативен тест за корона вирусот.

Министерската одлука е на сила до 4 август 2020 година, а не важи за грчките државјани, за оние кои имаат дозвола за престој во Грција и за оние кои патуваат од неопходни причини.