Иницијативата за подигнување на јавната свест околу правата на животните во Грција беше успешна, па од неодамна стапи на сила забраната за јавање која важи за потешките туристи на Санторини.
И официјално, тие не смеат да ги јаваат магарињата, кои се една од атракциите на Санторини, поради тоа што ги повредуваат. Секторот за туризам на Грција стави ограничување на максималната тежина на туристите на кои им е дозволено да ги јаваат магарињата.
Животните имаат задача да ги искачуваат туристите по скали, а со новите одредби, максималната дозволена тежина на туристот е една петтина од таа на магарето.