Регион 06. септември 2019. / 10:30

Грција создава „мастер план“ за справување со мигрантите

Грција создава „мастер план“ за справување со мигрантите

Со конкретна политика и конкретни мерки вклучени во мастер план, грчката Влада ќе се справува со бегалското/ мигрантско прашање, како што истакна надлежниот министер, Јоргос Кумуцакос по одржаниот состанок во Министерството за цивилна заштита на Грција.

– Беше потврден повеќедимензионалниот карактер на бегалското/ мигрантско прашање и ќе создадеме централен план „masterplan“ што ќе ги покрива сите прашања со конкретни политики и конкретни мерки. – рече алтернативниот министер за цивилна заштита, надлежен за миграциска политика.

Состанокот, на кој присуствуваа и министерот задолжен за координација на работата на владата, како и генералните секретари од министерствата за цивилна заштита, за труд, здравство, внатрешни и надворешни работи, одбрана, поморство, земјоделство, образование, беше одржан по насоките на грчкиот премиер на минатонеделниот владин совет за надворешна политика и одбрана за справување со миграциското прашање, jави дописничката на МИА од Атина.

– Ќе се справиме со проблемот. И во неговата надворешна и во внатрешната димензија, со многу работа и со водечки критериум заштита на интересите на локалните заедници, потребата за почитување на човековите права и секако заштитата на драгоценото добро безбедноста, чувството на безбедност на Грците и безбедноста на земјата. Комбинацијата на сето ова е компас во нашата политика, со конкретни мерки, со конкретни одлуки. – рече Кумуцакос по завршувањето на состанокот и објасни дека не станува збор за само една средба туку почеток на „континуиран процес за континуирана координација“.

Алтернативниот министер за цивилна заштита надлежен за миграциска политика, упати и критики до претходната влада, велејќи дека во сите надлежни министерства била констатирана „хаотична ситуација наследена од владата на СИРИЗА“, ситуација која „денешната влада ќе ја промени“