Регион 08. февруари 2020. / 13:36

Грција со 800 нови гранични полицајци ја засилува безбедноста на островите погодени од мигрантскиот бран

Грција со 800 нови гранични полицајци ја засилува безбедноста на островите погодени од мигрантскиот бран

Министерството за цивилна заштита на Грција објави оглас за вработување на 800 гранични полицајци на одредено време, кои ќе бидат распределени на осум различни острови во североисточниот дел на Егејското море, односно на островите погодени од мигрантскиот бран.

Најголем број од граничните полицајци (240) предвидено е да бидат на Лезбос, 180 на Самос, 160 на Хиос, 100 на Кос, а останатите на други четири помали острови.

На крајот од јануари годинава беше објавен оглас за 400 гранични полицајци, кои ќе бидат распределени на Еврос, на границата со Турција.

Зајакнување на чувањето на границите е една од точките од планот на грчката Влада, па во тој контекст се и објавените огласи за дополнителни вработување на вкупно 1.200 гранични полицајци.