Преку бројот за итни случаи 112, Генералниот секретаријат за цивилна заштита на Грција, испраќа порака со упатства за корона вирусот до сите корисници на грчките мобилни оператори.
На лицата од ранливите групи граѓани им препорачуваат да останат дома колку е можно повеќе, а за останатите и при најмал симптом на вирус, да останат дома и да разговараат со лекар, пред да отидат во болница.
– Одржувајте ја личната хигиена. Не се изложувајте самите и другите на ризик – пишува на крајот на пораката што е напишана на грчки и на англиски јазик.