Грчката претседателка Катерина Сакеларопулу во телефонскиот разговор со претседателката на Грузија, Саломе Зурабишвили, порачала дека Грција ги презема неопходните мерки за да продолжи да биде безбедна туристичка дестинација.
Како што соопштија од кабинетот на Сакеларопулу, Зурабишвили ѝ честитала на Сакеларопулу за преземањето на функцијата, ја поканила да ја посети Грузија, а двете претседателки разговарале за последиците од кризата врз економијата, со особен акцент ставен на туризмот.
Госпоѓата Сакеларопулу истакна дека нашата земја се подготвува, претпазливо и внимателно за да прими посетители од странство и ги презема неопходните мерки за да продолжи да биде безбедна туристичка дестинација – соопштуваат од кабинетот на грчката претседателка.