Регион 17. март 2020. / 19:28

Грција: Петти смртен случај од коронавирус

Грција: Петти смртен случај од коронавирус

Уште едно лице во Грција го загуби животот од Ковид-19, што воедно е и петтата жртва на коронавирусот во таа држава.

Во војна сме со еден непријател, кој што е невидлив, но не и непобедлив., изјави претходно грчкиот премиер Киријакос Мицотакис.

Во изминатите 24 часа регистрирани се 35 нови случаи, со што вкупниот број се искачи на 387, според она што попладневно го соопшти претставникот за коронавирусот на Министерството за здравство на Грција, професорот Сотирис Циодрас, јави дописничката на МИА од Атина.