Регион 03. јули 2018. / 10:17

Грција: Павлос Каменос бара референдум и во Грција за договорот од Преспа

Грција: Павлос Каменос бара референдум и во Грција за договорот од Преспа
œ –‹ÌÔÚ  ·ÏÏ›ÌÔÚ ˆË‹ÌÂÈ ÛÙÁÌ ·flËÔıÛ· ÙÁÚ √ÂÒÔıÛfl·Ú ÔÔı Ûı̉Òfl·Û Á  ÔÈÌÔ‚ÔıÎÂıÙÈÍfi œÏ‹‰· ÙÁÚ Õ›·Ú ƒÁÏÔÍÒ·Ùfl·Ú, ƒÂıÙ›Ò· 14 ÕÔÂÏ‚ÒflÔı 2011. ’¸ ÙÁÌ ÒÔ‰ÒÂfl· ÙÔı Ҹ‰ÒÔı ÙÁÚ Õ›·Ú ƒÁÏÔÍÒ·Ùfl·Ú ¡ÌÙ˛ÌÁ ”·Ï·Ò‹ Ûı̉Òfl·Û Á ÍÔÈÌÔ‚ÔıÎÂıÙÈÍfi ÔÏ‹‰· ÙÁÚ Õƒ. Õ≈¡ ƒ«Ãœ —¡‘…¡  œ…Õœ¬œ’À≈’‘… « œÃ¡ƒ¡ ¡–≈-Ö≈/¡–≈-Ö≈/–·ÌÙÂÎfiÚ ”·flÙ·Ú

Претседателот на помалиот коалициски партнер во грчката влада – партијата „Независни Грци“, Панос Каменос, навести продлабочување на кризата во владата, велејќи дека договорот за името е лош и може да биде одобрен само преку референдум или нови избори во земјата, објави грчкиот весник „Катимерини“.

Во рамки на прес-конференција, во министерството за одбрана, на чиешто чело е Каменос, лидерот на „Независни Грци“ беше категоричен дека нема да дозволи договорот да се придвижи напред, без одобрение на грчкиот народ.

„Кога велам дека луѓето треба да бидат прашани, мислам на референдум или нови избори“, рече Каменос.

Како и претходно, Каменос предложи гласањето на договорот за името во парламентот во Грција да се одвива со двотретинско, а не со просто мнозинство, во спротивно, како што рече, „Независни Грци“ ќе инсистираат на анкетирање на граѓаните.

„Не може да се активираат процедурите во НАТО, пред референдумот во ФИРОМ и пред договорот да се одобри во грчкиот парламент“, потсети Каменос.