Регион 15. април 2020. / 11:38

Грција одлучи: Место пари за откажаните аранжмани, ваучери со времетраење од 18 месеци

Грција одлучи: Место пари за откажаните аранжмани, ваучери со времетраење од 18 месеци

Грчката влада им дозволи на туроператорите, хотелите и на авио и бродските компании на клиентите да им даваат на своите клиенти ваучери, наместо да им ги враќаат парите за откажаните туристчки аранжмани и билети, соопшти весникот „Вима“.

Ова е една од мерките, што грчката влада ги презеде во напорите за справување со економските  последици од светската пандемија со корона вирусот. Со неа е опфатен периодот од25 февруари до 30 септември годинава.

Туроператорите се задолжени писмено да ги информираат клиентите за ваучерите во рок од 30 дена од стапувањето во сила на мерката. Ваучерите ќе имаат иста вредност со уплатените средства по било кој основ и важност од 18 месеци.