Од утре наутро Грција влегува во целосен, втор карантин во траење од три седмици, а отворени ќе останат градинките, забавиштата и основните училишта.
Исто како и за време на првиот карантин, движењето за граѓаните ќе биде само за конкретни причини и само со претходно испратена смс порака.
-Како што знаете донесовме одлука од сабота во 6 часот наутро, откажување активности, кои ќе трае три седмици до 30 ноември, истакна Мицотакис, на прес конференција на соопштување на новите мерки за справување со епидемијата.
Отворени, освен градинките и основните училиштата, ќе бидат и супермаркетите, аптеките, бензинските станици, а сѐ останато е затворено, средните училишта, универзитетите, продавниците, фризерски салони, фитнес центрите, кафулињата и рестораните итн.