Грција очекува туристичкиот сектор да закрепне ова лето по драматичниот пад на приходите поради пандемијата со корона вирус, рече висок претставник на индустријата во вторникот, пишува Ројтерс.
Туризмот е главниот двигател на грчката економија, околу 20% приходите во земјата доаѓаат од оваа гранка и вработува еден од пет работници.
Јанис Ретсос, шеф на туристичката конфедерација во земјата, изјавил дека приходите од туризам годинава достигнале 4 милијарди евра, за разлика од 2019 година кога изнесувале 18 милијарди евра. Сето тоа е поради ограничувањата на глобалното патување за да се ограничи ширењето на коронавирусот.
Грција очекува нејзината економија да се намали за околу 10 проценти оваа година и своите надежи за економско закрепнување ги полага за во втората половина на 2021 година.
-Треба да почекаме до втората половина на годината за да видиме некаква акција во туризмот, рече Рецос за грчката радио станица. Се што ќе видиме од мај, ќе биде многу позитивно изненадување, рече тој.
Според последните официјални податоци на Банката на Грција, приходите од туризмот бележат пад за 76% во периодот јануари-октомври.
Грција досега пријави 135.931 заразени со Ковид-19, откако во февруари минатата година го регистрираше првиот случај и 4.672 смртни случаи. Земјата е во национална блокада од почетокот на ноември и дозволи само фризерски салони и книжарници да се отворат за Божиќната сезона.