Регион 13. април 2020. / 13:52

Грција очекува 60-70% помалку странски туристи

Грција очекува 60-70% помалку странски туристи

Поради масовно намалување на побарувачката за туристички патувања од основните пазари, Грција ќе забележи сериозен пад на приходите од туризмот. Се очекува падот на авионските патувања и сместувањето на германски, италијански, британски и американски туристи годинава да биде помал за 60 до 70%.

Истражувањето на Институтот на грчката конфедерација на туристичките работници предвидува загубата во приходите за 2020 година да биде голема, имајќи го предвид  откажувањето на кварталните аранжмани, како и фактот дека второто тримесечје е целосно изгубено. Во првото тримесечје се откажани 4, во второто 26, во третото 59 и во четвртото 11% од аранжамните.

Исто така, останува неизвесно кога ќе завршат безбедносните мерки во Грција и со каква брзина ќе може да биде обновен туристичкиот пазар.

Според проценките на Институтот, годинава туризмот во Грција ќе донесе 5,65 милијарди евра, што е помалку од една третина од приходите од минатата година.