Регион 17. септември 2019. / 13:49

Грција не дозволува раздвојување на интеграцискиот пакет Македонија-Албанија

Грција не дозволува раздвојување на интеграцискиот пакет Македонија-Албанија

Портпаролот на грчката Влада, Стелиос Пецас на денешниот редовен брифинг со новинарите, рече дека не може да има раздвојување на интегративниот процес на Северна Македонија и Албанија, јави дописничката на МИА од Атина.

– Од дискусиите во Европа она што го сфаќаме и од она што го гледаме и ние, наша позиција е дека не може да има раздвојување. – рече Пецас одговарајќи на прашањето „дали дискусијата за Западеен Балкан вклучува и раздвојување на интегративниот процес на Северна Македонија од Албанија”.