По првпат, Грција е на пат да добие жена претседател, откако грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис објави дека го предлага шефот на Советот на државата, Катерина Сакеларопулу, за кандидат за следен претседател на земјата.
Доколку нејзината кандидатура биде одобрена од парламентот, таа ќе го замени актуелниот претседател Прокопис Павлопулос, чиј мандат истекува во март.