Комбе кое превезувало мигранти низ Грција се судрило со камион, при што животот го загубило четиригодишно момче од Ирак.
Во оваа несреќа се повредени 27 лица, меѓу кои и двајцата шверцери на мигранти. Возилото било со бугарски регистарски таблички и се движело со преголема брзина, за да избега од полицијата.
Двајца од повредените се здобиле со тешки телесни повреди.
Возачот на камионот не е повреден.