Регион 03. април 2018. / 11:52

Грција ќе потроши милијарда долари за вооружување

Грција ќе потроши милијарда долари за вооружување

Грција ги зголемува средствата наменети за вооружување имено владата во Атина планира да го забрза усвојувањето на законските процедури кои обезбедуваат расходи за вооружување во износ од една милијарда евра за потребите на грчката војска пишува весникот „Катимерини“.

За предлогот за таквите расходи се дискутирало на парламентарната комисија за вооружување. Претставници од сите партии во оваа комисија се согласиле дека има потреба да се преземат иницијативи за одржување на вооружувањето на армијата.

На седницата била одобрена и распределбата на речиси 55 милиони евра за поддршка на постоечките воени авиони за транспорт C-1340 и C-27.