Регион 05. јули 2020. / 12:53

Грција ја затвора границата и за Србите, рампа има и за Македонците

Грција ја затвора границата и за Србите, рампа има и за Македонците

Министерот за трговија туризам и телекомуникации на Србија Расим Љајиќ изјави денеска дека Грција од утре наутро од 6 часот ќе ја затвори границата за српските државјани.

Како се наведува, одлуката е донесена поради епидемиолошката ситуација во Србија и големиот број на тестирани луѓе од Србија кои се покажале позитивни во Грција.

На туристите од Србија кои веќе се во Грција ќе им биде овозможено да ги завршат своите аранжмани.

Како што е познато Македонците не смеат да влегуваат во Грција, барем не до 15 јули, кога одлуката на ниво на ЕУ повторно ќе се преиспитува.