Регион 15. август 2020. / 15:20

Грција ја продолжи забраната за влез на македонски граѓани до крајoт на август

Грција ја продолжи забраната за влез на македонски граѓани до крајoт на август

Министерската одлука за привремено ограничување на врските на Грција со Македонија, Турција и Албанија, од 31 јули 2020 година, што е во сила до денеска, продолжена е до крајот на август, јави дописничката на МИА од Атина.

Во Службен весник на Грција, веќе е објавена конкретната одлука, односно продолжувањето на претходната и е во сила заклучно со 31 август 2020 година.

Одлуката се однесува на воздушните, копнените, железничките и морските поврзувања на Грција со Северна Македонија, Турција и Албанија.

Согласно новата одлука за границите и согласно министерската одлука што денеска стапува во сила, а предвидува забраната за влез во Грција за државјани на трети земји, македонските државјани до крајот на месецов нема да можат да патуваат во Грција.