Привремената забрана за летови од Италија, Шпанија, Турција, Велика Британија, Холандија и Германија кон Грција и обратно е продолжена за еден месец, односно до 15 мај 2020 година.
Како што соопштија од Службата за цивилно воздухопловство на Грција, исклучок, од забраната воведена заради заштитата од ширење на Ковид-19, се само пристигнувања и заминувања од и кон Германија од атинскиот аеродром „Елефтериос Венизелос“, но и карго летовите, хуманитарните летови, летовите што носат медицински материјал, воените летови и сл.
Паралелно се продолжува и привремената забрана за влез во Грција на државјани од трети земји, односно граѓани од земји кои не се членки на Европската унија.