Регион 30. октомври 2019. / 14:43

Грција ја призна Украинската православна црква

Грција ја призна Украинската православна црква

Архиепископот на Атина и цела Грција, Јеронимос, испратил официјално писмо до украинскиот митрополит Епифаниус, во кое Грчката православна црква (ГПЦ) ја признава Украинската православна црква (УПЦ).

Според информации на грчките медиуми, дописот бил испратен на 21 октомври 2019, а со тоа беше официјализирана одлуката на Светиот синод на ГПЦ од пред 20ина дена.

На 12 октомври 2019, архиепископот на Атина и цела Грција, Јеронимос претседаваше на вонредниот состанок на Светиот синод на Грчката православна црква (ГПЦ) за украинското прашање, а во неговото обраќање, прогласувањето автокефалност на Украинската православна црква (УПЦ) го карактеризираше како „особено корисно за Православната црква и драгоцено за зајакнување на односите меѓу црквите на Русија и Украина“ и предложи ГПЦ да ја признае УПЦ.