Регион 27. јануари 2020. / 15:28

Грција издава 15-годишна обврзница

Грција издава 15-годишна обврзница

Агенцијата за управување со јавен долг на Грција ќе издаде 15-годишна обврзница, објавија грчките медиуми, повикувајќи се на информации од берзата.

Издавањето на обврзницата доаѓа по надградбата на рејтингот на Грција од агенцијата „Фич“ во петокот.

Според медиумите Грција, ова ќе биде прв пат на пазарот да излезе обврзница што истекува по 2032 година кога истекуваат долгорочните мерки за олеснување на грчкиот долг.