Регион 01. март 2020. / 15:44

Грција и Турција во „војна со бројки“: Не можат да се договорат колку мигранти има на границата

Грција и Турција во „војна со бројки“: Не можат да се договорат колку мигранти има на границата

Никој не може да ги помине грчките граници. Сите оние што се обидуваат да влезат нелегално, ефективно се спречени да влезат. Бројките цитирани од турските власти се лажни и заблудени, пишуваат од Министерството за надворешни работи на Грција на официјалниот Твитер профил во однос на информациите од Турција за бројот на бегалци и мигранти кои влегле во Грција.

Од грчкото МНР велат дека продолжува кампањата за дезинформации од турските власти и ги објавуваат официјалните бројки за спречени обиди и уапсени лица.

Продолжува кампањата за дезинформации од турските власти. Реалноста: Од вчера наутро до сабајлево беше спречен влез на грчка територија (по целиот Еврос) на 10.000 лица. Од нив 73 лица неповрзани со Идлиб влегоа нелегално на грчка територија, беа уапсени и соодветно ќе се гонат – објаснуваат од грчкото МНР на Твитер.