Регион 25. јануари 2019. / 14:47

Грција го ратификува Договорот од Преспа

Грција го ратификува Договорот од Преспа

По 38,5 часа расправа на пленарната седница од средата наутро до денеска, грчкиот Парламент го ратификува Договорот од Преспа.

Со прозивање, сите 300 пратеници кажаа дали гласаат „да“, „не“ или „воздржано“ за нацрт законот на Министерството за надворешни работи на Грција за ратификација и стапување во сила на Договорот од Преспа.

Договорот го поддржаа 153 пратеници, 146 беа против, а еден пратеник беше воздржан.

Тридневната дебата, со говор, ја затвори алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Јоргос Катругалос.

Вака се одвиваше гласањето во Парламентот: