Регион 19. мај 2020. / 11:52

Грција го продолжи задолжителниот карантин до крајот на мај

Грција го продолжи задолжителниот карантин до крајот на мај

Мерката за задолжителен превентивен карантин од 14 дена за патниците од сите националности кои од било која меѓународна дестинација пристигнуваат во Грција, е продолжена до 31 мај 2020 година, за заштита од пандемијата на Ковид-19.

Агенцијата за цивилно воздухопловство на Грција во соработка со Министерството за здравство и цивилната заштита издаде конкретни упатства за патниците кои авионски пристигнуваат во земјата, а исклучок се транзит летовите,  државните летови, здравствените, хуманитарните, воените, карго летовите, како и летовите на Фронтекс.

Со одлуката Агенцијата за цивилно воздухопловство на Грција од минатата седмица, до 14 јуни годинава привремено се забранети летовите од и кон Грција од Македонија, Албанија и Турција, а за авионското поврзување со Италија, Шпанија, Велика Британија и Холандија, забраната важи до 31 мај 2020 година.