Организираните плажи и ски-центрите во Грција, од утре влегуваат на листата мерки на грчката Влада за спречување на ширењето на коронавирусот, откако премиерот Кирјакос Мицотакис дал наредба тие да се затворат.
-Само што дадов наредба, утре да се затворат сите организирани плажи и ски центри. Ситуацијата е сериозна и бара одговорност од сите. Ги избегнуваме јавните места со многу луѓе. Ајде сите да застанеме на новото, кое го бараат околностите. #остануваме дома, напиша вечерва грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на неговиот официјален „Твитер“ профил.
Според медиумите во Грција, дел од граѓаните, денеска, наместо дома, решиле топлото и сончево време да го искористат за да посетат некоја од организираните плажи што поседуваат лежалки, во близина на Атина.