Регион 20. декември 2020. / 19:32

Грција доби специјални замрзнувачи за чување на вакцини

Грција доби специјални замрзнувачи за чување на вакцини

Денес Грција доби специјални замрзнувачи од компанијата „Pfizer-BionTech“ за чување на вакцини против коронавирусот.

Тие пристигнаа пред првата пратка со вакцини против вирусот, што се очекува на 26 декември, јави АНА.

Како што веќе објави грчката влада, вакцинирањето ќе започне во пет болници во Атина и Солун на 27-ми декември.

Вакцината прво ќе им биде дадена на медицински сестри и постари мажи.

Замрзнувачите, чија локација не е откриена, можат да соберат 80.000 вакцини, кои се чуваат на температура од -70 степени Целзиусови.