Регион 04. август 2020. / 09:57

Грција денеска прави промени во Владата

Грција денеска прави промени во Владата

Заменик-министерот и портпарол на грчката Влада Стелиос Пецас, напладне треба да ги соопшти промените во Владата на Грција.

Како што соопштуваат од кабинетот на премиерот Кирјакос Мицотакис, станува збор за „функционални подобрувања во владиниот состав“, јави дописничката на МИА од Атина.

Според информациите од Грција, веројатно е дека не станува збор за класична реконструкција, туку за мали промени, особено на позициите заменици-министри и генерални секретари.